gore

Тиквеш

Основана во 1885-та година, Винарија Тиквеш е предводник во македонската винска индустрија, како и најстарата и најголемата винарница во регионот.

Комбинирајќи ги придобивките од уникатното поднебје и идеалните услови за производство на грозје со иновативниот начин на размислување, долгата традиција и специфичната винска култура, Тиквеш создава светски признаени македонски вина со автентичен карактер со долгогодишно меѓународно и локално искуство и соработува со Филип Камби, еден од најпознатите и најдобрите вински консултанти во светот.

Охридска банка

Охридска банка АД Скопје е универзална банкарска институција со широк спектар на банкарски услуги во земјата и во странство.
Од 2019 година, Охридска банка АД Скопје е дел од Шпаркасе групацијата. “Steiermärkische Sparkasse Group“ е најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија.
Групата опслужува околу 700 000 клиенти на 233 локации во Стирија, Австрија, и во Југоисточна Европа.

Video Data

Видео-Дата е компанија која повеќе од 20 години се занимава со сервисирање и одржување на електронски уреди и апарати за домаќинство како и професионална опрема.

Пандев

Пандев ДОО е градежен инвеститор со огромно бизнис искуство во и надвор од Македонија. Една од ретките, ако не и единствена фирма што има инвестирано во станбени објекти во Германија.

Paul Kohli

Пол Коли е реномиран професионален бизнис модел и актер. Пол Коли се истакнува како единствен онлајн бренд на вистински бизнисмен кој не се плаши да го покаже својот успех, но во исто време е желен и спремен да ги сподели своите тајни со своите следбеници и да ги мотивира на нивното патување кон успехот.

Trend

Тренд е ланец на модерни и ексклузивни лаунџ ресторани кои можат да се најдат на 5 различни локации во Скопје. Дел од Тренд се и двата Trend Party Room-а и хотелот London B&B.

DelCo

DelCo Macedonia e целосно лиценциран давател на професионални поштенски и логистички услуги на комплетната територија на Република Македонија.

Форца

Форца е финансиска институција специјализирана за давање на краткорочни кредити. Во Македонија овој бренд е присутен од 2016 година.