ТОП 3 НАЈДОБРИ МАКЕДОНСКИ ФОНТОВИ
Наоѓање на вистинскиот кириличен фонт е предизвик со кој ние дизајнерите секојдневно се соочуваме. Изборот не е голем, затоа што повеќето фонтови не се толку добри, а дел од оние навистина добри фонтови имаат бугарски или руски букви кои не се соодветни за македонската азбука (да, мислам на тебе мало ракописно „т“ преправено во мало ракописно „ш“). Затоа, решив да ги филтрирам малку добрите „македонски“ фонтови и склопив кратка листа на оние кои ги користам најчесто, кои се убави за око и за кои клиентите секогаш ќе кажат „е ова изгледа добро“.
MONTSERRAT BLACK
Можеби еден од најпопуларните и тренди санс-сериф фонтови во последниве неколку години, Montserrat Вlack ми е go-to фонт во секоја ситуација. Соодветен за наслови, логоа, текст во списанија, принт материјали, Montserrat Вlack е вистиски камелеон од фонт.
Исто така, дали знаете дека Монсерат е остров т.е. британска колонија која се наоѓа југо-источно од Порторико?
MONTSERRAT REGULAR
Monserrat Regular е уште еден од тие ретки фонтови кои се совршени за секоја употреба. Дизајнерката Јулиета Улановски има работено на овој фонт цели 4 години пред тој да стане еден од најпопуларните фонтови на светско ниво.
Типографот Жак ле Баи прави мали измени на фонтот од своето студио во Хаг и го прилагодува фонтот да биде совршен кога станува збор за пишување на долги текстови.
Исто така, дали сте знаеле дека Монсерат е името и на населба во Буенос Ариес од чија типографија се инспирирала Улановски да го дизајнира фонтот?
MONTSERRAT MEDIUM
Montserrat Medium
е фонт кој многу дизајнери ќе речат дека е бесплатна замена за Gotham или Proxima Nova, сепак според
мене има некои приметливи елементи кои го прават поразличен од овие два фонта.
Како и да е Montserrat
Medium е одличен фонт за твојата следна веб страница.
Исто така, дали знаеш дека Монсерат е и манастир изграден на истоимената планина во
непосредна близина на Барселона?
PS:
Да, на крајот Топ 3 листата испадна Топ 3 листа на
одлични Montserrat фонтови со кирилична поддшка, иако од ден за ден расте
базата на уникатни и навистина добри кирилични фонтови, што значи дека наскоро
е можно пак да се пишува блог на оваа тема ?
Инаку, о почнав блогов со намера да биде сатира за тоа како сите претеруваме со
користење на Montserrat како фонт, но во текот на пишувањето наидов на кул
факти за неговата историја и типографите одговорни за неговото постоење. Нешто
што можеби ќе ми послужи како инспирација да напишам и некое кул case-study за најпознатите фонтови.
До тогаш, гледај ја епизодата за типографија од Abstract: The Art of Design на Netflix
и заследи неколку одлични домашни типографи (прв на ум
ми паѓа Ласко). И така нема што друго да
правиш за време на карантин ?