gore

Кариера

Работи го тоа што го сакаш!

Дигитален Маркетинг Специјалист
React.js developer
Backend девелопер / Node.js
Full Stack Developer / Node.js, React.js

НЕ ЈА ГЛЕДАШ ПОЗИЦИЈАТА СКРОЕНА СПОРЕД ТВОИТЕ КВАЛИТЕТИ?

ПИШИ НИ, ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СМЕ ВО ПОТРАГА ПО ТАЛЕНТИРАНИ ЛУЃЕ!

Контактирај нѐ

Пиксел е брзорастечка компанија со речиси 9 години искуство во светот на дигитална трансформација.

Се фокусираме на развој на веб и софтверски решенија, како и на дигитален маркетинг, градиме успешни тимови на професионалци, создаваме атмосфера на споделување на знаење и промовираме тимска работа.

Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.

Графички дизајнер – пракса

Како практикант, секојдневно ќе соработуваш со твојот ментор и другите дизајнери во креативниот тим како би создавале креативни решенија наменети за повеќе медиуми, но со фокус на социјални медиуми. Ќе имаш можност да го развиеш твоето постоечко техничко знаење со работење на вистински клиенти и проекти, но и да научиш и други вештини и да го прошириш твоето знаење во други полиња, како UI/UX или пак видео и анимација.

Целта на оваа пракса е усовршувањето на твоите вештини со алатките на Adobe, пронаоѓање на својот стил, стекнување на искуство со работа на вистински клиенти, градење на комуникациски и problem-solving вештини, и секако евентуално вработување.

Вештини и квалификации:

  • Основно познавање на Adobe Photoshop и Adobe Illustrator
  • Ги следиш сите дизајн трендови и се инспирираш од истите
  • Тимски играч
  • Желба за учење и градење на твоите вештини
  • Имаш позитивен и проактивен став


Ќе научиш:

  • Да создаваш одлични дизајни
  • Како, зошто и кога се користат одредени техники за правење на подобри дизајни
  • Сите алатки кои ги нудат Photoshop и Illustrator
  • Можност за учење на други дизајн софтвери како Adobe Premiere, After Effects,  InDesign, XD и Figma
  • Справување со време и организациски вештини
  • Разбирање и имплементирање на маркетинг стратегии и нивно имплементирање преку графички дизајн