gore

Кариера

Работи го тоа што го сакаш!

Графички дизајнер – пракса
React.js developer
Backend девелопер / Node.js
Full Stack Developer / Node.js, React.js

НЕ ЈА ГЛЕДАШ ПОЗИЦИЈАТА СКРОЕНА СПОРЕД ТВОИТЕ КВАЛИТЕТИ?

ПИШИ НИ, ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СМЕ ВО ПОТРАГА ПО ТАЛЕНТИРАНИ ЛУЃЕ!

Контактирај нѐ

Пиксел е брзорастечка компанија со речиси 9 години искуство во светот на дигитална трансформација.

Се фокусираме на развој на веб и софтверски решенија, како и на дигитален маркетинг, градиме успешни тимови на професионалци, создаваме атмосфера на споделување на знаење и промовираме тимска работа.

Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.

Дигитален Маркетинг Специјалист

За потребите на новоформираната ќерка фирма на Пиксел, Пиксел Медиа, отворена е работна позиција за Дигитален маркетинг специјалист. Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел Медиа да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.

Идеалниот кандидат ќе управува со портфолио на клиенти на компанијата за да им помогне на клиентите да ги подобрат нивните резултати од маркетинг кампањите. Кандидатот ќе креира дигитални маркетинг стратегии и проекти за да ги задоволи потребите на клиентите и ќе служи како контакт за сите дигитални потреби на клиентите.

Одговорности

  • Да предложува, да креира и да спроведува дигитални проекти за да ги оствари очекуваните резултати.
  • Да управува со профилите и страниците на социјалните медиуми на клиентот.
  • Да биде контакт за клиенти за сите прашања поврзани со дигитален маркетинг.
  • Координација со дизајн тим при изработка на визуелни решенија.
  • Креирање на извештаи од метрики добиени од онлајн маркетинг активности.

Квалификации

  • Најмалку 1 годинa работно искуство во маркетинг агенција, фриленс проекти или како дел од оддел за маркетинг на компанија.
  • Диплома во маркетинг или сродни факултети.
  • Добро разбирање на онлајн маркетинг алатки.
  • Искуство во спроведувањето кампањи за рекламирање на платформите Google Ads и Facebook Ads.
  • Искуство во подготовка на извештаи и следење на резултатите од кампањи.
  • Искуство во анализа на пазар и на конкуренција.
  • Основни познавања од SEO ќе се сметаат за предност.
  • Искуство во пишување ПР статии и блог објави
  • Силни комуникациски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик – пишување и усна комуникација
  • Комуникација и менаџирање со клиенти
  • Тимски играч