gore

Инстаграм алгоритмот во 2018-та

11-03-2020By Enes Karakash

Инстаграм алгоритмот во 2018-та

Нормално, со новата година доаѓаат и нови промени, но поради не баш големата транспарентност на самиот Инстаграм, многу се остава на шпекулации и слободно толкување за тоа што можеме да очекуваме од алгоритмот во првите месеци и остатокот од 2018-та.

Одиме по ред со она што може да се прочита на бројни блогови и портали кои се обидуваат да го одгонетнат она што ќе се случува со Инстаграм оваа година.

1. Engagement

Инстаграм, наводно, ја ограничува видливоста на вашите објави согласно интеракциите (engagement-от) кој тие го добиваат. Поточно, најдобра пракса е во рок од 1 час да одговорите на сите коментари на вашата објава. Во случај да задоцните и да го поминете тој рок видливоста на објавата може драстично да опадне.

Еден од омилените делови во целиот овој муабет се оние, досадните ботови со стандардните нивни „Super photo; Great shot; Awesome pic“ коментари, кои сега наводно веќе нема да се бројат како „engagement“. Најдоброто од сево ова е што ваквите ботовски профили ќе се филтрираат и предност ќе добијат органските, вистински коментари од вистински Инстаграм корисници. Совет од сево ова, ако сакате повисок engagement, коментирајте со 4 или повеќе зборови и заборавете на „Great profile“ муабети.

Тука се и се’ помоќните Инстаграм Stories, кои беа хит во 2017-та и кои во 2018-та дополнително ќе ви помогнат вашиот контент да стигне до поголем број луѓе. Оние кои први се појавуваат во Stories се профили со кои вие самите најчесто влегувате во интеракција. Тоа значи дека со своите Stories ќе треба да им дадете причина на луѓето да сакаат постојано вашите „приказни“ да сакаат да ги гледаат меѓу првите 3-4.

2.Алгоритам/Видливост на објави

Кога нешто ќе објавите на Инстаграм таа објава може да биде видлива само кај 10% од вашата верна публика. Тоа веројатно значи дека со ова алгоритмот го „опипува“ пулсот на публиката со цел да види дали објавата треба да стигне и до останатите 90% од вашата публика.

Доколку вашата нова објава во старт добие висок степен на engagement, тогаш ќе биде „пуштена“ од Инстаграм и до останатите 90%. Ова е веројатно и одговор на прашањето зошто некои објави, во споредба со други, имаат драстично понизок степен на engagement.

Нешто битно за Бизнис профилите. Префрлете се на бизнис профил доколку преку својот личен профил го промовирате својот бизнис. Голем плус кој бизнис профилите го нудат, што и не е некоја голема тајна, е поголемата достапност на аналитики кои можат многу да ви помогнат во поставување на вашата Инстаграм стратегија. Плус, новиот алгоритам, наводно ќе биде настроен повеќе кон бизнис профилите.

3. Статуси и хаштагови

На тема хаштагови, тие се на моменти супер, а на моменти прилично незгодни кога сте во потрага по вистинскиот хаштаг. Иако горната граница за хаштагови е до 30 во една објава, тоа сега од Инстаграм може да биде обележано како Spam, а тоа значи и сериозно намалување на вашиот досег.

Поточно, може лесно да дојде до Shadowban, односно вашите хаштагови да можат да ги откриваат само луѓето кои ве следат. И никој друг.

Иако никој досега ја нема идеалната формула за број на хаштагови, наводно 5 оригинални хаштагови се доволни. Секако, секогаш гледајте да најдете некој баланс, хаштаговите да не бидат ни целосно нови и непознати, но и да не бидат светски популарни и бргу да се загубат во масата објави со истиот хаштаг кои се објавуваат секоја секунда.

На истата тема, не користете постојано едни исти хаштагови. Нормално, ако не сакате алгоритмот да ве смета за бот. Бот=Spam, a кој е следниот чекор на Инстаграм откако ќе те означи како Spam пишавме во првиот пасус под број 3.

И нешто ептен важно, хаштаговите кои се оставаат во коментари веќе нема да се појавуваат кога некој ќе го пребарува тој хаштаг. Тоа значи дека сите хаштагови кои сакате да ги искористите мора да бидат дел од оригиналната објава.

Уште нешто битно, 24 часа по објавувањето не го едитирајте статусот на оригиналната објава. Тоа сериозно може да влијае на видливоста на објавата. Сериозни импикации на истото може да има доколку ја избришете и повторно ја објавите истата објава.

4. Ново

Explore Feed на Инстаграм е интересна алатка во која, базирано на вашите интереси, гледате објави од профили кои ги следите, но и кои не ги следите. Тука Инстаграм „учи“ од хаштаговите кои ги користите и пребарувате, како и објавите кои ги лајкнувате.

Новина во сево ова е тоа што објави од непознати профили за вас, базирано на муабетот погоре, ќе почнат да ви се појавуваат и во регуларниот Feed.

Исто така, она што веќе не е новост, е дека можете да следите конкретни хаштагови. Новина е дека наводно, доколку следите хаштагови, вашиот профил и објави ќе добијат на досег и видливост. Тоа значи – слободно следете ги вашите омилени хаштагови, со тоа можете само да бидете во плус.

И она што со нетрпение се чека, а за што веќе некое време се зборува, е Repost копчето како дел од самиот Инстаграм. Копче кое ќе значи смрт за сите оние Repost, Regrann и останати апликации кои морате да ги инсталирате ако сакате да репостирате туѓи објави.

5. Џабе правите лажни Инстаграм профили на познати брендови

Тема која е особено актуелна кај нас, откако на почетокот на 2018-та како печурки после дожд наеднаш на Инстаграм никнаа неколку „официјални“ профили на познати светски брендови. Секако, профилите беа далеку од официјални, исто како и самата комуникација која, користејќи ефтини финти, се обиде да им донесе голем број на followers во кус временски рок.

Мисија во која успеаја делумно, откако навистина собраа огромен број на followers набрзина, но исто така набрзина, откако добија и Report од голем број корисници, ги снема од Инстаграм. Искуство кое ќе им биде лекција на следните „генијалци“ кои ќе се обидат со стари финти да пронајдат нови начини да го збунат алгоритмот на Инстаграм.

ПС: Секако, ова е само дел од она што може да нè очекува од Инстаграм во годината во која оваа мрежа, во секоја смисла, само ќе го продолжи својот подем.

Заинтересирани сте за соработка со Пиксел?

Побарајте понуда