gore

Дизајн трендови за 2018-та (втор дел)

11-03-2020By Bojan Senkovski

Дизајн трендови за 2018-та (втор дел)

1. Гличови

Ова можеби не е најпопуларниот тренд за 2018-та, но секако е еден од највпечатливите. Гличовите се препознатливи со тоа што сликите изгледаат како да се „уништени“ од некакви дигитални пречки и најчесто ќе ги гледаме кај веб страници и онлајн промоции на модерни и млади брендови со поопуштена комуникација. Еден од начините како да ги направите гличовите е со дисторзија на секој од RGB каналите посебно.

2. Интеграција со текст и слики

Mоето омилено. Ако некогаш се двоумиш дали сликата да биде врз текстот или обратно, тогаш интеграцијата на двете во едно е твоето идеално решение. Идејата е текстот и сликата да постојат во истиот физички свет. Ова е тренд кој го гледавме до некаде и минатата година, но се уште не го го достигна својот креативен пик. Овој тренд им дава голема слобода на дизајнерите и со малку креативност мислам дека можат да се направат неверојатни креативи.  

3. Брутализам

Нашиот сакан брутализам. Можеби во дизајнот нема големи и бетонски градби, но во креативите се гледа исто толку грубиот и „насилен“ пристап. Тој за цел има да ја „нападне“ публиката со неконвенционлана типографија, комбинација на црно-бели фотографии со текстови во боја, исечкани елементи и делови од слики и слично. На прв поглед, брутализмот не се разликува многу од деконструктивизмот бидејќи и двата стилови можат да ја доловат истата порака на сличен начин.

4. Респонзивни логоа

Една верзија од твоето лого веќе не е доволно. Поради различните големини на екраните на мобилните уреди произлезе потреба брендовите да имаат различни верзии од своето лого кое одговара на секој уред, на секоја социјална мрежа.

5. Боја на годината: Ултра Виолетова 5F4B8B

5F4B8B или ултравиолетова е бојата на годината која нуди софистицираност и оригиналност. Динамичноста на оваа боја и дополнителна причина зошто истата е популарна и кај графичките дизајнери каде што сè почесто ја гледаме во дизајни на пакувања, луксузни брендови и производи за убавина.

Виолетова во дизајн

Виолетова во мода

Заинтересирани сте за соработка со Пиксел?

Побарајте понуда