Разлика меѓу неколку Adobe програми и која од нив ти е потребна при изработка на дизајн
Во зависност од тоа дали треба да едитираш некоја фотографија, дизајн на лого, анимација или видео обработка, Adobe Creative Suitе ја има потребната програма да ти помогне во остварувањето на твојата идеја.
Во овој текст би се задржала на графичкиот дел, кој вклучува изработка на лого, флаери, постери, креативи за социјални медиуми, списанија и сл. Во тој случај, ќе примените една од овие програми: Illustrator,Photoshop или InDesign.
Иако овие три програми имаат слични алатки и можности, најдобро е да се употребува таа што е соодветна за конкретниот дизајн, со што дизајнот би бил поквалитетен, самиот процес би бил побрз и резултатот би бил попрофесионален.
Кога да користам Photoshop?
Ќе почнеме со најпознатата и најоговарана, волшебната програма која прави чуда од секоја фотографија, Photoshop. Најчесто се употребува за обработка на фотографија, средување на квалитетот, менување на големината на фотографијата и сл. Меѓутоа денешниот Photoshop нуди многу повеќе од тоа.
Иако првично е наменет за манипулација со растер фотографии, уметниците го користат за дигитално сликање, скицирање, концептуалните артисти за создавање на илустрирани ликови за видео игри, графичките дизајнери за подготовка на фотографии за дизајни или веб страни итн.
Повеќето луѓе кога мислат на графички дизајн, мислат на Photoshop. До некаде тоа е вистина, затоа што оваа програма е многу корисна за графичките дизајнери.
Има многу моќни алатки со кои со еден клик може да се смени многу на фотографијата, бојата, контрастот, светлината, да се додаде текст на самата фотографија, векторска илустрација направена во Illustrator и сл.
И сега е вистинското време да се објасни која е разликата меѓу растерска и векторорска графика ?
Растерската графика претставува приказ на слики со помош на поле од пиксели. Секој пиксел се прикажува само во една боја. Секоја растерска графика зависи од густината на полето. Eкраните се состојат од мали точки наречени пиксели.
Подобар квалитет се добива со помали и погусти точки. Па затоа не можеме да ја зголемуваме до бесконечност. Доколку се зголемува може да изгуби на квалитет, при што гледана со голо око може да изгледа „квадратеста” или народски кажано крзава.
Векторската графика се темели на принципите на векторската геометрија. Секој вектор ја има својата појдовна точка, насока и крајна точка, должина, ако е закривена, тогаш исто така содржи точки кои ја дефинираат кривата или аглите. Векторската графика создава геометриски форми на кругови, квадрати, патеки или аморфни кривини.
Бидејќи векторската графика не е базирана на растер, таа може бескрајно да се зголемува или намалува, без да се изгуби квалитет. Тоа е затоа што таа се заснова на математички функции, односно на апсолутното растојание помеѓу точките.
Од ова може да се заклучи, дека Photoshop не е секогаш најдобриот избор. Кога да се употребува, а кога да се замени со Illustrator или InDesign, ќе видеме од следната листа:
– За ретуширање на фотографии, поправање на бојата на сликата, корекција на некои недостатоци, дали е тоа скротување на коса или корекција на тенот на нечие лице. Нема подобра алатка од Photoshop за тоа.
– Доколку ти треба за едитирање на некој проект, дигитален или за печат, при што проектот може да биде фотографија, слика, скица или било што друго.
– Сакате дигитални слики за веб како слики за социјалните медиуми, банери, наслови на е-пошта, видеа итн. Креирањето на овие слики во Photoshop ќе осигура дека тие се во вистинска големина и се оптимизирани за веб.
– Доколку креирате дизајн за веб страница или мобилна апликација . Layers на кој што фунционира Photoshop го олеснуваат движењето на UI-елементи околу себе. Бидејќи оваа програма за уредување е базирана на пиксели, ќе знаеш дека твојот дизајн е правилно направен за секоја големина на екран.
-Исто така, со Photoshop на многу едноставен начин може да се сечат видео клипови на кои може да се додаде графика, филтри, текст, анимација и многу повеќе.
Најдобро да се користи друга програма :
– За креирање на лого, кое најдобро е да се изработи во векторска форма, која дозволува да се менува големината, без да се изгуби на квалитет.
– Доколку работите на проект кој соджи многу текст, како книга или списание. Без разлика дали тој е дигитален или за печатење, Photoshop не се справува најдобро со многу текст. Насловите и кратките параграфи за банери или креативи за социјални медиуми се во ред.
Во спротивно употребувајте Illustrator или InDesign.
Кога да користам Illustrator?
Mагична алатка, омилена меѓу графичките дизајнери, за создавање на векторски илустрации, нејзиното височевство, програмата Illustrator. Сè што е создадено во неа може да се прилагоди на мали димензии како favicon или огромни билборди, без да се изгуби квалитетот или да се додаде некоја чудна пикселизација.
Програмата е најдобар избор за креирање на проекти наменети за печатење.
Користејќи ги алатките на оваа апликација можете лесно да дизајнирате скици, илустрации, и дури да поставите растер фотографии направени со Photoshop. Флексибилниот работен простор , го олеснува процесот на експериментирање со идеи пред да ги финализирате – сите на истото место.
Illustrator е моќна алатка, но исто како и Photoshop има некои ограничувања. Следува листа кога Illustrator ќе биде вашиот избор, а кога ќе треба да се најде друга програма:
– За креирање на лого, икона или анимиран лик. Секоја векторска форма и линија креирани во Illustrator можат да бидат менувани во големина, што го прави идеален за слики кои треба да се користат на многу различни начини.
– Совршен е за изработка на постери, флаери, визитки, билборди. Моќните векторски алатки на апликацијата создаваат визуелно перфекно чисти наслови кои можат да се комбинираат со други растер фотографии.
– Оваа програма е многу добра за работа со фонтови. Функциите за текст ти овозможуваат да го претвориш фонтот во форми кои може да се едитираат, при што може да се трансформираат на различни начини, да се растегнуваат, зголемуваат и менуваат на многу различни начини.
Најдобро да се користи друга програма:
– Кога треба да едитираш фотографии. Illustrator има малку алатки наменети за едитирање. Па најдобро е фотографијата да се среди во Photoshop.
– Треба да креирате документи со повеќе страници. Illustrator може да се справи со една или неколку страни, но за повеќе InDesign е соодветната програма, бидејќи има функции како нумерација на страници, шаблони на master страница и подобра функционалност на распоред на текст.
Кога да користам InDesign?
Доколку работите на проект со голема количини на текст, најдобро е да го користите InDesign. Најмногу се користи за изработка на весници, списанија, книги, постери и флаери.
Illustrator исто така може добро да работи со текст, но сепак InDesign ги има вистинските алатки. Овозможува да поставувате шаблони на мастер страници, така што дизајните на страниците веднаш се унифицираат низ целиот документ. Страниците се нумерираат автоматски и лесно може да се дуплираат и да се заменат. Текстуалните стилови, колоните, маргините и други карактеристики специфични за објавување се исто така многу посилни.
InDesign е така изграден за да се применува во неколку специфични ситуации. На пример за изработка на проекти со повеќе страни, дигитални или за печатење, дизајнирање на списание, брошура или каталог.
Од трите апликации, InDesign ги има најдобрите функции и се интегрира со Adobe Digital Publishing Solution, овозможувајќи ви да создадете целосно интерактивни е-книги, списанија и други дигитални публикации.
Најдобро да се користи друга програма:
– За помали проекти (како визит-картички и флаери). Илустраторот е посоодветен за овој вид на дизајн.
– Треба да уредувате слики. InDesign има малку можности за уредување на слики. Photoshop може да направи сеопфатни прилагодувања како боја, контраст и осветленост.
– Треба да дизајнирате лого. InDesign може да создаде ограничени форми. Ако ви треба лого за вашиот документ, прво го дизајнирате во Illustrator и потоа да го импортирате во InDesign.
Одберете ја вистинската програма за вистинскиот проект
Доколку сакате вашата работа да биде професионална, користете ја вистинската алатка. Научете како да ги комбинирате сите карактеристики на Photoshop, Illustrator и InDesign. Овие апликации можат да работат заедно беспрекорно во создавањето на одлични дизајни.
Откако ќе ја пронајдете апликацијата која ви е потребна за некој проект, станете експерт и научете ги сите нејзини можности со што вие ќе почнете да работите поефикасно и да креирате пофлексибилни, високо-квалитетни дизајни.