gore

ИНСТАГРАМ ПРЕЗЕМАЊЕ – СТРАТЕГИЈА ЗА БЛИСКОСТ СО ОБОЖАВАТЕЛИТЕ

11-03-2020By Piksel

ИНСТАГРАМ ПРЕЗЕМАЊЕ – СТРАТЕГИЈА ЗА БЛИСКОСТ СО ОБОЖАВАТЕЛИТЕ

Можеби досега сте го сретнале, а можеби и не, но Инстаграм преземањето како форма на активација на обожаватели и мотивирање за создавање на квалитетна содржина создадена од корисниците е една од постарите стратегии создадена од самата мрежа Инстаграм.

Што е Инста преземање?

Инстаграм преземање е процес на привремено преземање на туѓ профил на Инстаграм и споделување на содржина со нивната публика. Тоа е одличен начин за соработка и меѓу-промоција помеѓу брендови, поединци и влијателни корисници.

Преземањата започнуваат на тој начин што брендовите им дозволуваат на други Инстаграмџии да објавуват фотографии на нивните профили во краток период на време, а со воведувањето на видеа, Stories (инста приказни) и видеа во живо тие стануваат уште подинамични активности за преземачите.

Зошто преземањата се толку успешни?

Не само што се забавни, туку тие се и одличен пример за партнерство кое што е заемно корисно и за брендот и за преземачот.

Чекори за успешно Инста преземање

1. Поставете цели и метрики за следење

Најважните цели се:

  • Зголемување на видливоста на брендот (brand awareness) – Раст на следачи, досег, број на прегледи, број на спомнувања на други канали, итн.
  • Интеракција со публиката – Број на интеракции (лајкови, коментари, прегледи или директни пораки), број на гледачи во живо, итн.
  • Промоција на производ или настан – Сообраќај на сајт, број на конверзии, број на лица кои би оделе на настанот, итн.

2. Одбeрете кој ќе презема

Постојат три главни типови на преземачи со кои може да се работи за Инста преземање:

  • Влијателни или бренд амбасадори
  • Вработени или колеги
  • Потрошувачи и членови на заедницата

Влијателни/бренд амбасадори

Зошто бренд амбасадори?

  • Овозможуваат вредност преку корисна содржина
  • Носат интеракција
  • Креваат свесност за брендот

Вработени или колеги

Зошто колеги или вработени?

  • Интеракција со заедницата и градење врски
  • Покажување на компаниската култура
  • Градење имиџ на брендот

Прример: Според наши експерименти во минатото овие преземања давале многу лична нота на брендот и биле одлични за градење на понатамошна ПР приказна. Може да се користи хаштаг #мојатанедела и да се добие слика како изгледа неделата на еден вработен во компанијата.

Членови на заедницата или потрошувачи

Зошто луѓе од заедницата и лојални потрошувачи?

  • Градење на однос со заедницата и потрошувачите
  • Создавање на содржина од страна на корисниците
  • Гордеење со креативните потрошувачи

Пример: Сони Алфа ги има покането фотографите кои ги користат нивните фотоапарати да го преземат нивниот профил и да споделуваат фотографии направени со фото апаратот Сони Алфа.

Дополнителна активација: Брендот да преземе туѓ Инстаграм профил

Наместо да се канат гости кои би го преземале профилот на компанијата, идеално е компанијата да биде гостин на туѓ профил – на влијателен инстаграмџија, член на заедница, па дури и на друга компанија.

Кои се придобивките?

  • Зголемување на видливост на брендот
  • Добивање нова публика

Пример: Бимилк би можел да го преземе профилот на Јадеме.мк и да објавува фотки од зготвена храна со нивните производи. Ова може да биде некаква си кулминација на неколку месечна соработка со други бренд амбасадори кои би постирале фотки од нивни рецепти и најдобрите да се препостираат на инстаграм профилот на јадеме.мк

3. Избирање на тип на преземање

Можностите се следни:

  • Објавување на обични Инстаграм фотографии
  • Објави на Инста Сторис
  • Видео во живо

Инстаграм објави (фотографии)

Пример 1 – преземањето на bimilk.mk од страна на Мартин Видоевски

Пример 2 – преземањето на bimilk.mk од страна на Елена Бубало

Instagram Stories

Пример: Cineplexx за целите на промоција на филмот 50 Shades Freed направи „фиктивно“ преземање каде профилот на Cineplexx беше преземан од страна на главниот лик.

Видеа во живо (Instagram live videos)

Ова е особено интересна опција кога ќе има некој настан во живо, да се снима некој влијателен корисник од страна на самиот бренд за да се има контрола врз ситуацијата.

Важно – детали кои не смеат да се заборават

  • Колку долго треба да трае преземањето?
  • Преземањето со објави обично трае една недела
  • Инста Стори најчесто се еден ден
  • Видеата во живо се максимум до половина час,
  • Каква содржина е потребна? 
  • Многу е важно преземачот да знае која му е задачата
  • Најчесто тој/таа се вклучува во рамки на поголема кампања или активација (#ПојадокНаДенот)
  • Поретко тоа се однесува на конкретна промоција на некој бренд (влијателен готвач постира фотографии од рецепти направени со Битолски путер)
  • Дали за Инста објави се користи брендиран хаштаг?
  • Може да се користи еден хаштаг за сите преземања или уникатен хаштаг за секое преземање посебно
  • #InstaTakeover е популарен хаштаг за општа употреба за конкретната кампања добро е да се користи #ПојадокНаДенот
  • За промоција на производ може да се користи #БитолскиПутер

Промоција на преземањето

Без разлика далии преземањата се дел од генералната стратегија на брендот на Инстаграм или спорадични, тие секогаш треба да се најавуваат и промовираат. Начинот на промоција е следен:

  • Најава со пост на Инстаграм
  • Промоција по други социјални мрежи – ФБ и Твитер
  • Барање од преземачот да објави и на неговиот/нејзиниот профил за да може да се дојде до нова и поголема публика

Извршување на преземањето

Постојат два начини на кои се изведува ова:

  • Целосно преземање – каде гостите добиваат пристап до профилот на компанијата
  • Полупреземање – каде гостинот ги испраќа фотографиите до компанијата која ги објавува во негово/нејзино име 

Имајќи ја предвид безбедноста – паметно е секогаш да се оди со полупреземање.

Доколку се работи за:

  • преземање со објави – тогаш гостинот ги испраќа објавите на одобрување одеднаш или ден за ден со се статусите.
  • Преземање со Инста стори – гостинот ја прави приказната кај него/неа на профил и не ја објавува туку ја симнува и ја испраќа до компанијата
  • Преземање со лајв видео – компанијата го снима корисникот во живо

Заклучок

По завршувањето на Инстаграм преземање се прегледуваат резултатите. Клучни метрики кои се следат се бројот на досег, интеракции и нови следачи

На крај, секогаш треба да му се заблагодари на преземачот со некаков си подарок (по можност мало пакетче за благодарност) и да се побараат повратни информации за соработката.

Заинтересирани сте за соработка со Пиксел?

Побарајте понуда