Кариера
Работи го тоа што го сакаш!
НЕ ЈА ГЛЕДАШ ПОЗИЦИЈАТА СКРОЕНА СПОРЕД ТВОИТЕ КВАЛИТЕТИ?
ПИШИ НИ, ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СМЕ ВО ПОТРАГА ПО ТАЛЕНТИРАНИ ЛУЃЕ!
Контактирај нѐПиксел е брзорастечка компанија со речиси 9 години искуство во светот на дигитална трансформација.
Се фокусираме на развој на веб и софтверски решенија, како и на дигитален маркетинг, градиме успешни тимови на професионалци, создаваме атмосфера на споделување на знаење и промовираме тимска работа.
Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.
React.js developer
Имаме потреба од JavaScript девелопер со искуство во React.js. Вашиот примарен фокус ќе биде во развој на UI компоненти и нивна имплементација во React.js workflows (Flux или Redux). Треба да се погрижите овие компоненти и нивната целосна апликација се робустни и лесни за одржување. Ќе бидете во координација со останатиот дел од тимот кој работи на различни делови од инфраструктурата. Затоа, посветеност на заедничко решавање на проблеми, софистициран дизајн и квалитетен продукт се од особено значење.
Одговорности
- Pixel-perfect“ имплементација на одобрен кориснички интерфејс
- Развој на нови user-facing карактеристики користејќи React.js
- Развој на компоненти и front-end бибилиотеки кои можат да се користат и во иднина
- Преобразување на дизајн и wireframes во висококвалитетен код
- Оптимизација на компонентни за максимални перформанси на уреди и пребарувачи
Вештини и квалификации
- Високо познавање на JavaScript, вклучувајќи и DOM manipulation и JavaScript object model
- Темелно познавање на React.js и неговите суштински принципи
- Искуство во React.js workflows (Flux и Redux)
- Познавање RESTful APIs
- Знаење во областа на модерни механизми за авторизација, како што е JSON Web Token
- Искуство во front-end алатки, како што се Babel, Webpack, NPM, итн.
- Способност на разбирање на бизнис барања и нивна преобразба во технички барања