Кариера
Работи го тоа што го сакаш!
НЕ ЈА ГЛЕДАШ ПОЗИЦИЈАТА СКРОЕНА СПОРЕД ТВОИТЕ КВАЛИТЕТИ?
ПИШИ НИ, ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СМЕ ВО ПОТРАГА ПО ТАЛЕНТИРАНИ ЛУЃЕ!
Контактирај нѐПиксел е брзорастечка компанија со речиси 9 години искуство во светот на дигитална трансформација.
Се фокусираме на развој на веб и софтверски решенија, како и на дигитален маркетинг, градиме успешни тимови на професионалци, создаваме атмосфера на споделување на знаење и промовираме тимска работа.
Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.
Full Stack Developer / Node.js, React.js
Имаме потреба од full-stack програмер за развој и управување со целата наша веб инфраструктура. Успешните кандидати треба да имаат минимум претходно тригодишно искуство со сите вештини наведени подолу.
Конкретниот проект опфаќа имплементација на однапред одобрен кориснички интерфејс, поставување на API, нивно поврзување и поставување на серверска инфраструктура. Тука спаѓаат сите поврзани области како што се бази на податоци и дизајн на архитектура.
Одговорности
- Дизајн и имплементација на целокупната веб-архитектура
- „Pixel-perfect“ имплементација на одобрен кориснички интерфејс
- Дизајн и распоредување на нашата база на податоци
- Сигурност дека целиот stack е дизајниран и изграден за брзина и приспособливост
- Дизајн и поставување на REST API
- Интегрирање на front-end UI со поставениот API
- Дизајн и имплементација на континуирана интеграција и распоредување
Најмалку тригодишно искуство со:
- Релевантно back-end програмирање, по можност Node.js.
- Дизајн и управување со бази на податоци, како и следење на најновите пракси и нови верзии
- Менаџмент на сервер и распоредување за соодветната околина
- Познавање на развој во Node.js и React.js.
- Идеално, се бара познавање од CSS -препроцесори, бандлери.
- Темелно разбирање на корисничкото искуство, како и продукт стратегија
- Искуство со имплементација на платформи за тестирање и единечни тестови
- Познавање на Git
- Чувство за чист и добро документиран код