Најдобрите резултати се постигнуваат со тимска работа, па затоа Пиксел е тука да ви овозможи тим од искусни маркетинг експерти и копирајтери кои ќе ја започнат вашата нова маркетинг приказна на дигиталните канали. Ве интересира како? Продолжете да „скролате“ надолу за да ги видите успешните примери на досега изработените маркетинг кампањи за некои од најголемите македонски и странски компании.
Дознај повеќеРаскажуваме приказни заедно со CINEPLEXX, споделуваме и креираме интерактивна и кул содржина со која нашите корисници активно се поврзуваат на секојдневна основа. Преку уникатни и оригинални мемиња, квизови, карактери и цитати од познатата филмска историја, создадовме приказна која комуницира на релевантен начин и успешно ги претвора сите филмофили, филмаџии и ентузијасти во редовни кино посетители. Со создавање на содржини од заедница за заедницата помогнавме да го зацврстиме лидерското место на Cineplexx во дигиталниот свет дури и на регионално ниво.
Дознај повеќеМожеби уште потешка задача од креирање на нова приказна, е да успеете успешно да ја раскажете приказната на еден толку претпознатлив и сакан бренд како што е Бимилк и Битолското Чупе. Но, најдовме начин како еден од најприсутните брендови на вашата трпеза да го пренесеме на дигиталните канали и со години вешто да ја ткаеме таа приказна, од содржини преку кои заедно учиме, до разни игри преку кои постојано се забавуваме.
Дознај повеќеОдличната комуникација со Охридска Банка покажа дека и финансиско-банкарскиот сектор може да води модерна и препознатлива комуникација на социјалните медиуми. Преку нашата креативност ја зајакнавме довербата која ни беше дадена за воведување на Охридска Банка на сите дигитални канали, а со прилагодување на тонот на маркетинг кампањите, успеавме да создадеме публика на лојални и задоволни следачи. За да се биде лидер во дигиталниот свет потребно е искуство и знаење, а Пиксел е синоним за успешен пример и бренд, кој гради тесни партнерски односи со сите свои клиенти во изминатите 7 години. Станете и вие лидери и контактирајте нè веднаш!
„Апсолутниот лидер во индустријата заслужува да биде и лидер во дигиталниот маркетинг.” Инспирирани од оваа јасна порака испишуваме историја во полето на дигитален маркетинг во FMCG индустријата заедно со нашите клиенти Тиквеш. Доминантноста изразена во бројката на следачи на Тиквеш само ја истакнува потребата од интегрирана и јасна комуникација која како задача Пиксел ја презема и ја олицетвори во една комуникациска порака - „Создаваме традиции.“ Така, помогнавме во зацврстување на бренд идентитетот на Тиквеш, што ни даде и слобода и дополнително да го развиеме нивото „алтер его“ со создавање на брендот „Боемски муабети“, кој наиде на голема поддршка на социјалните медиуми.
Дознај повеќеДа, да, ви делува дека каде и да отворите на социјалните медуими ќе најдете фитнес фанатици кои вежбаат и покажуваат вежби за целосна телесна трансформација. Дали причината за тоа е долготрајната соработка помеѓу Пиксел и Синерџи Фитнес и Спа останува жешка тема за дебата помеѓу инстаграм инфлуесерките и бодибилдинг експертите. Точен одговор за тоа може никогаш да нема, но едно е јасно, создадовме фитнес фанатици насекаде.
Дознај повеќеОнлајн шопинг со CITY FASHION и Пиксел? Прилагодете се и победете! Не дозволувајте да бидете еден од оние бизниси што ќе го имаат истиот метод на купопродажба од XIX век. Ова беше нашата визија за CITY FASHION, која ја остваривме преку брза трансформација и целосна дигитализација на бизнисот, како и преку креирање на нивната нова веб продавница. Ви треба веб продавница за вашиот бизнис? Заедно со тимот на Пиксел брзо ќе станете лидери во вашата индустрија и ќе започнете со онлајн продажби на ниво какво што заслужувате.